вторник, 17 март 2009

Македонија - Исланд PREVIEW

Уште само нешто повеќе од 24 часа не делат од долгоочекуваниот натпревар на ракометната машка селекција против Исланд. Прв натпревар после мундијалот во Хрватска. Полека почнува кај народот да се враќа она чувство, ракометно, што ја тресеше цела Македонија кога нашите момци ги бранеа храбро боите на својата земја во Вараждин и Задар. Последниве 2 дена се зборува само за тоа. Атмосферата кај нас, публиката, е на највисоко можно ниво и сите ние се надеваме и очекуваме добрите игри од Сп да продолжат и во наредниот период и да потврдиме дека не било случајно изданието и пласманот што го забележавме. А зарем има подобар тест од добро познатата репрезентација на Исланд?
Сепак не е се така розево како што изгледа. Селекторот Темелковски се соочува со навистина големи проблеми составувајќи го ростерот на играчите. Одново клучниот играч можеби Наумче Мојсовски ќе го пропушти дуелот поради повреда. Ќе го нема и Димовски кои и натаму се мачи со коленото, а тврдоглавоста и гордоста не му дозволи на Темелковски да го повика Раде Стојанович со кого во Хрватска имаше некаков конфликт. Што точно се случи останува да се прашуваме. Искочија две верзии, едната на селекторот едната на игарчот, и некако на тоа се остана. Се заташка работата и на крајот изгубивме ние со не играњето на одличниот Раде кои и те како фалеше во Хрватска. Но, тренерската е последна и очигледно е дека додека Илија Темелковски е селектор на Машката ракометна репрезентација Раде Стојанович нема да го носи црвено жолтиот дрес.
Ова дефинитивно се лоши вести за нас во очи дуелот со вицепрвакот од последната Олимпијада. И така бевме дефицитарни на тие позиции а сега со нивно не играње (Наум и Раде) остануваме со само една опција во нападот. Целиот товар во нападот ќе го понесе нормално Кире Лазаров, сега во комбинација со Миркуловски и Мите Стоилов или Ф. Лазаров во зависност каква ќе биде идејата на селекторот. Нормално е дека нити Лазаров може да издржи 60 минути во исто темпо а уште повеќе Миркуловски или Лазаров помалиот(кои напротив не може да одигра 10 асални минути, бар до сега). Наместо Темелковски да повика некои нови имиња токму на тие позиции лев бек и плејмејкер односно среден бек тој го повика само Ацо Јоновски, кој реално е играј само за одбрана а таму веќе ги имаме Марковски и Митков,. Недановски кој е крилен играч е исто така ново име во тимот по мене непотребно затоа што за крилните позиции конкурираат веќе 4 играчи ( Алушевски, Темелков, Јович и Макалоски). Огромен минус е тоа и пропуст на селекторот и на целокупниот стручен штаб. Грешката од Сп не е научена. Требаше во најмала рака да биде повикан еден од триото Ангеловски, кои може да се снајде и на левата и на централната бековска позиција а ништо полош не е ниту во одбраната, Кузмановски (лев-средени) или Мајнов кој треба да биде замена за Кире во моментите кога тој треба да одмори и земе здив за понатака. Значи од аспект на играчкиот кадар можеше и подобро да се изигра.
Уште еден хендикеп за нас е сеуште не започнатото првенство. Веќе поминаа неколку месеци од Мундијалот а машки ракомет во нашите сали се уште нема. Освен двомечот на Металург во Еврокупот, каде го елиминира француски Париз, друг натпревар и немаше. Физичката спремност на играчите кои се дел од домашното првенство е под знак прашалник. Иако се работи само за 60 минути сепак не смееме да бидеме ноншалантни и да се потпираме на тоа, мора да се биде 150% посветен зошто сега е многу потешко. Сега успехот мора да се потврди а тоа е дупло потешко. Исто така пред само некој ден, по повод одложувањето на првенството, имаше и јавни напаѓања помеѓу таборите на напите најголемите ракометни колективи, Вардар и Металург. Овој дуел продолжи и во битката за претседател на РФМ, каде што досегашниот В.Д претседател Михајло Михајловски (Вардар) ја доби одново подршката и го порази Мичо Јорданов ( Металург). Колку и да сакаат играчите да не мислат на тоа, сепак индиректно и тоа се одрзаува и влијае на нив.
Но нашите момци без разлика на се, покажаа дека се вистинска фамилија. И во победа и во пораз тие беа заедно. Несомнено и кај нив владее позитивна атмосфера, посебно по игрите од СП, и мотивите за ново докажување, пред нашата и светската јавност, се на највисоко можно ниво. Исланд е противник кои буди дополнителен мотив без разлика со каков состав доаѓа, а ако се знае дека Борис Трајковски ќе биде исполент до последно место и дека ќе гледаме репреиза на минатогодишниот дуел кога им приредивме пекол на Исланѓаните, тогаш јасно е што се очекува од целата македонска јавност в среда.
Исланд доаѓа без својот најдобар играч во последниве години Стефансон, ќе ги нема и добро познатите нам Сигурсон, Петерсон и уште некој на "сон". Подмладени се, имаат нов состав и никако не смеат да бидат потценети. Во крајна линија ни малку не треба да се замараме со тоа кој ќе игра а кој не за Исланд затоа што битни сме ние, како ние ќе играме, битно е ние да го диктираме темпото играта и резултатот.
Пеколно ќе биде утре, полна сала, грмење, навивање, атмосфера не сомнено ќе има, останува на играчите да го дадат максимумот и срцето на теренот и коцките одново да се склопат и одново да се радуваме. Право на кикс немаме, па така СИТЕ ЗАЕДНО СЛОЖНО ОДИМЕ ДО КРАЈ, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

UNITED MACEDONIA!!!

2 коментари:

  1. Пак лош менаџерлук од нашето раководство...Се слагам апсолутно со се што си напишал, особено во делот за повиканите и неповиканите!

    Да бидам искрен малку се плашам за овој натпревар...Доброто е тоа што играме дома и Исланѓаните не се тоа што беа(бар на хартија)...У секој случај одиме на победа и се друго ќе биде неуспех и ќе нема оправдување за него! Македонија треба да биде прва во групата, има најдобар состав од сите! ;)

    ОдговориИзбриши
  2. Дали барате позитивен заемодавател за заем за да го ослободите вашиот финансиски проблем, тогаш би сакале понуда за заем за педро, Педро ми понуди заем со стапка од 3% рентабилност и целиот процес помина без проблеми како што очекував, можете да му испратите е-пошта ако ви треба вид на заеми Е-пошта: pedroloanss@gmail.com Или Whatsapp: +18632310632

    ОдговориИзбриши