недела, 15 март 2009

СУПЕР ПИПО


Супер Пипо се запишува во легендите. 300-ти погодок во својата 18 годишна кариера. Го постигна во дресот на Милан, денеска, против Сиена.
Пипо е еден и единствен. Играч кој влегува во историјата и кој е еден од ретките активни фудбалери и воопшто кои ја стигнал границата 300.
Во изминативе години Супер Пипо ги тресеше немилосрдно мрежите на противниците. Може не го краси некоја брзина, дриблинг или пак техника, али затоа го има она што ретко кој го поседува - осет за гол. Тој е играч кој и додека спие постигнува голови. Играч буквално гол машина. има постигнато безброј важни голови особено во дресот на Милан и сите фанови вклучувајќи ме и мене му се благодарни за тоа. Секогаш кога е потребно, секогаш кога треба да се даде гол тука е Инзаги. Иако има 35 години Пипо и натака продолжува да биде кошмар за противничките одбрани и голмани. Тоа е нешто што се има а не што се учи. Уште еден доказ и уште една потврда дека неговото име е синоним за расен стрелев е и фактот што тој го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во Евро Куповите.

Капа доле мајсторе. Секој може да ти подзавиди за она што го имаш постигнато но истовремено и сите мораат да ти честитаат за тоа што го имаш направено целата своја кариера.
Продолжи во исти стил зверу, и сите ние знаеме се додека Пипо игра фудбал нема голман на светов што се чуствува сигурен.

За мене најдобриот напаѓач што некогаш сум го гледал.

GRANDE SUPERPIPO

3 коментари:

  1. Тоа одсекогаш сум го зборел на некои коишто ги омаловажуваат остварувањата на Супер Пипо (а немаат врска од фудбал)! Човекот нема ама баш ништо што би требало да има еден модерен напаѓач, нема брзина, нема техника ниту дриблинг, нема силен шут од далечина а нема ниту цврстина во дуелите... има само едно неверојатно чувство за гол и сета своја кариера ја посвети на усовршување токму на тоа... цел живот е на ивицата на офсајд, цел живот противничките дефанзивци мислат дека не треба да му се обрне посебно внимание нему и цел живот тој ги казнува поради тоа... и сето тоа во круг!
    Најискрени честитки мајсторе!! Еден и единствен!!!

    ОдговориИзбриши
  2. Graaaaaaaandeee Pippooooooo !!!
    Се е кажано,немам што да додадам.Освен дека уште следната сезона даде едно 10ина гола и супер ќе биде : )

    ОдговориИзбриши
  3. Дали барате позитивен заемодавател за заем за да го ослободите вашиот финансиски проблем, тогаш би сакале понуда за заем за педро, Педро ми понуди заем со стапка од 3% рентабилност и целиот процес помина без проблеми како што очекував, можете да му испратите е-пошта ако ви треба вид на заеми Е-пошта: pedroloanss@gmail.com Или Whatsapp: +18632310632

    ОдговориИзбриши