понеделник, 30 март 2009

Роналдињо сака да го напушти Милан!!!

Деновиве се шпекулра многу со името на популарниот Рони, кои на почетокот на сезоната дојде како големо засилувањ во Милан, но не ги исполни очекувањата на навивачите а верувам и на раководството на тимот.

Иако на стартот имаше одлични изданија сепак Роналдињо не беше 100% физички спремен, а со самото тоа и не можеше да изигра асални 90 мин. Оној Рони од времето во Барса кога буквално беше недопирлив никогаш нема да се врати. Тоа е мое лично мислење. Се гледа кај него дека нема ни желба за враќање на старата форма. Неангажирање, не трчање, ги нема оние препознатливи дриблинзи и пробиви, кога ќе се решеше да тргне накај голот рушеше све пред себе, и тако даље... Ако до полусезона и играше нешто тогаш во вториот дел е неприметлив. Во право беше Галијани (за прв пат) што не сакаше да даде голема сума на пари за Бразилецот, но погреши, од денешен аспект, што воопшто и го ангажираше.

Е сега ова за мене е многу добра вест од две причини. Значи летово очекувам КОНЕЧНО да дојде до тренерска смена и паѓање на Карло. Ова е многу битно затоа што уште од сега треба да се мисли кој тоа би дошол на негово место. Ако оваа шпекулација е точна (заминувањето на Рони) тогаш очигледен е фактот дека Франк Рајкард ќе биде тој што ќе застане на чело на Росонерите. Сите знаеме дека Рони веќе не е во омиелната листа на Холанѓанецот а и обратно дека Брзилецот не го мириса многу Френки, за разлика од него ептен ја мириса ќерка му :) и дека тој е делумно причината за неговото најавено заминување летово. Ова повлекува ново задоволство кај мене, затоа што ако се ослободиме летово од Рони тогаш сигурно Кака останува и сигурно ќе се игра напаѓачки фудбал со 2 шпица! Знаејќи го офанзивниот стил на игра што го форсира Рајкард, трчањето што го бара од играчите. ова би било идеално. Тоа значи дека ќе се ослободиме од некои непотребни играчи а може и да направиме некоја пара од продавање на веќе староседелци(Пирло) кои веќе го загубиле мотивот за игра во црвено-црниот дрес. (наравно тоа се должи на освојување на СЕ што може да се освои во изминативе 7 години) Картите се редат во прилог на некогашниот играч на Милан.

Е сега се поставува прашањето на кого и за колку да се продаде некогашниот виртуоз? Иако многумина мислат дека никој сега нема да дава пари за Рони и дека никој не го сака, јас сметам поинаку. Шеиците од Сити и те како летово ќе бидат активни на трансфер пазарот, нормално во време на економска криза, ова им доаѓа како кец на десетка :) Ако не ги излажеме нив нема кого :) Слободата што ќе ја има во Сити, а веројатно и платата би биле идеалното решение за Бразилецот а и за Милан кој може многу да профитира. Другиот "пациент" лежи во името на Роман Абрамович, сопственикот на Челзи. Тој од поодамна јавно изајвува дека сака да го види Роналдињо во синиот дрес, и тој беше во трка за него лани, но пресуди желбата на фудбалерот кој јасно кажа дека сака да дојде во Милано. Е сега Роман не е толку глуп како порано кога фрлаше пари како луд и кога купуваше све и сешто. Се потсмири малку русинот, после оној промашен трансфер на Шева и очигледно свати дека не треба по секоја цена да носи големи имиња во своите редови. Но Рони е Рони сам по себе, а фактот што некој од Балак, Деко, Малуда веројатно ќе заминат од Лондон ги прави Челските купци :)

Се на се, ако се исполнат моиве прогнози ќе биде СУПЕР ем ќе смениме тренер, ем ќе направиме пари и со тие пари ќе можеме да купиме некој млад квалитетн играч желен за докажување.

Да сум ја на местото на Галијани одма би го понудил Роналдињо на Челзи и Сити и би ги започнал преговорите :)

четврток, 19 март 2009

У ПИЧКУ У ПИЧКУ!!!

Тоа е...

Не е можно кај нас нешто да иде подмачкано.
Дури сеа се враќам од утакмицата и што да напишам и самиот не знам.
1. Секоја ебана утакмица играме против судиите. Ај што играме против нив на гости играме, али дома вакво судење нема никоја ракометна репрезентација. Може од трибина ме понесе атмосфера и не можев објективно да зборам али тоа што го видов од таму не личеше на ништо на моменти. 2 минути за без везе, пробивања...истиот аршин не беше за двете репрезентации. Мете Мете секгад суделе против нас, а после утакмицата со Германија верувам секогаш ќе им бодеме очи.
2. Ако не се тепаме сами нема кој да не тепа. Наши грешки колку сакаш. Одново лошо фрлени контри, промашени неколку зицери, по кој знае кој пат кога игравме со играч поише не можевме гол да дадеме, во одбраната еднаш не излеговме на фластер, а 500 гола примивме од пикер позиција (или тоа или 7 -мерец ваде Исланѓаните). Значи Илко не ја научи лекцијата и не промени ама баш ништо околу тоа.
3. Кога сум кај Илко Илија, дефинитивно и не знае зошто е таму. Спомнав тоа и во претходниот пост, изборот на играчи 0! Ете му го Недановски(Металург). Не сакав да верувам али после ова дефинитивно играчите од Металург се буткаат во репката. Нормално секоја чест на оние кои заслужуваат како Борко, Димовски, Јович, Стоилов... али за останатите а поготово за ФИЛИП ЛАЗАРОВ кои не заслужува 2 минути во репрезентативниот дрес. Јебига мајка природа дала кај едниот син а на другиот му земала се. Не е ни 10% од брат му. Која му е таа замена на Темелковски на 5 минути до крај, кога Јоновски дава 2-3 гола во серија, он го седнува на клупа и праи акција преку Филип Лазаров? Па добро пичка ли му матер!!! Па глеаме сите дека не го бива дечкото само вие го туркате...Џабе... до дека не научи нема играње... Нека си игра за клубот, ако сметаат дека е добар, али репрезентација да трпи тоа е апсурдно.
4. Стојанович под хитно да биде вратен во репрезентација затоа што само он вреди од левите бекови што ги имаме во моментов. Историски шанси ради некои каприци се пропуштаат. Ете сега ќе си седиме дома, али важно Раде не играл. Зошто пошто го удрил тренерот? Како не му ја чукнал малку посилно главата да го освести малку, ако веќе стварно се случило тоа...
5. Нека си ја признае грешката селекторот и нека го напушти селекторското место. Мислам дека играчиве играат сами исто како да нема тренер. Кире повеќе се однесува тренерски од колку Илко наш.... а во следниов период голема веројатност да падне затоа што Михајло (Вардар) ќе сака по негов терк да се работи а очигледно дека Вардар и Металург се во војна, па така сами сврзете си два и два...
6. Останува да си запееме И ДА ИЗГУБИТЕ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИМЕ, и да се помириме со тоа дека ради наши грешки на кои паѓаме по кој знае кој пат ќе си седиме на ова ЕП и ќе чекаме наредна шанса (само да не чекаме 10 години)...

Утре со трезна глава ќе видам дали ќе размислувам исто :)

Тоа е...

вторник, 17 март 2009

Македонија - Исланд PREVIEW

Уште само нешто повеќе од 24 часа не делат од долгоочекуваниот натпревар на ракометната машка селекција против Исланд. Прв натпревар после мундијалот во Хрватска. Полека почнува кај народот да се враќа она чувство, ракометно, што ја тресеше цела Македонија кога нашите момци ги бранеа храбро боите на својата земја во Вараждин и Задар. Последниве 2 дена се зборува само за тоа. Атмосферата кај нас, публиката, е на највисоко можно ниво и сите ние се надеваме и очекуваме добрите игри од Сп да продолжат и во наредниот период и да потврдиме дека не било случајно изданието и пласманот што го забележавме. А зарем има подобар тест од добро познатата репрезентација на Исланд?
Сепак не е се така розево како што изгледа. Селекторот Темелковски се соочува со навистина големи проблеми составувајќи го ростерот на играчите. Одново клучниот играч можеби Наумче Мојсовски ќе го пропушти дуелот поради повреда. Ќе го нема и Димовски кои и натаму се мачи со коленото, а тврдоглавоста и гордоста не му дозволи на Темелковски да го повика Раде Стојанович со кого во Хрватска имаше некаков конфликт. Што точно се случи останува да се прашуваме. Искочија две верзии, едната на селекторот едната на игарчот, и некако на тоа се остана. Се заташка работата и на крајот изгубивме ние со не играњето на одличниот Раде кои и те како фалеше во Хрватска. Но, тренерската е последна и очигледно е дека додека Илија Темелковски е селектор на Машката ракометна репрезентација Раде Стојанович нема да го носи црвено жолтиот дрес.
Ова дефинитивно се лоши вести за нас во очи дуелот со вицепрвакот од последната Олимпијада. И така бевме дефицитарни на тие позиции а сега со нивно не играње (Наум и Раде) остануваме со само една опција во нападот. Целиот товар во нападот ќе го понесе нормално Кире Лазаров, сега во комбинација со Миркуловски и Мите Стоилов или Ф. Лазаров во зависност каква ќе биде идејата на селекторот. Нормално е дека нити Лазаров може да издржи 60 минути во исто темпо а уште повеќе Миркуловски или Лазаров помалиот(кои напротив не може да одигра 10 асални минути, бар до сега). Наместо Темелковски да повика некои нови имиња токму на тие позиции лев бек и плејмејкер односно среден бек тој го повика само Ацо Јоновски, кој реално е играј само за одбрана а таму веќе ги имаме Марковски и Митков,. Недановски кој е крилен играч е исто така ново име во тимот по мене непотребно затоа што за крилните позиции конкурираат веќе 4 играчи ( Алушевски, Темелков, Јович и Макалоски). Огромен минус е тоа и пропуст на селекторот и на целокупниот стручен штаб. Грешката од Сп не е научена. Требаше во најмала рака да биде повикан еден од триото Ангеловски, кои може да се снајде и на левата и на централната бековска позиција а ништо полош не е ниту во одбраната, Кузмановски (лев-средени) или Мајнов кој треба да биде замена за Кире во моментите кога тој треба да одмори и земе здив за понатака. Значи од аспект на играчкиот кадар можеше и подобро да се изигра.
Уште еден хендикеп за нас е сеуште не започнатото првенство. Веќе поминаа неколку месеци од Мундијалот а машки ракомет во нашите сали се уште нема. Освен двомечот на Металург во Еврокупот, каде го елиминира француски Париз, друг натпревар и немаше. Физичката спремност на играчите кои се дел од домашното првенство е под знак прашалник. Иако се работи само за 60 минути сепак не смееме да бидеме ноншалантни и да се потпираме на тоа, мора да се биде 150% посветен зошто сега е многу потешко. Сега успехот мора да се потврди а тоа е дупло потешко. Исто така пред само некој ден, по повод одложувањето на првенството, имаше и јавни напаѓања помеѓу таборите на напите најголемите ракометни колективи, Вардар и Металург. Овој дуел продолжи и во битката за претседател на РФМ, каде што досегашниот В.Д претседател Михајло Михајловски (Вардар) ја доби одново подршката и го порази Мичо Јорданов ( Металург). Колку и да сакаат играчите да не мислат на тоа, сепак индиректно и тоа се одрзаува и влијае на нив.
Но нашите момци без разлика на се, покажаа дека се вистинска фамилија. И во победа и во пораз тие беа заедно. Несомнено и кај нив владее позитивна атмосфера, посебно по игрите од СП, и мотивите за ново докажување, пред нашата и светската јавност, се на највисоко можно ниво. Исланд е противник кои буди дополнителен мотив без разлика со каков состав доаѓа, а ако се знае дека Борис Трајковски ќе биде исполент до последно место и дека ќе гледаме репреиза на минатогодишниот дуел кога им приредивме пекол на Исланѓаните, тогаш јасно е што се очекува од целата македонска јавност в среда.
Исланд доаѓа без својот најдобар играч во последниве години Стефансон, ќе ги нема и добро познатите нам Сигурсон, Петерсон и уште некој на "сон". Подмладени се, имаат нов состав и никако не смеат да бидат потценети. Во крајна линија ни малку не треба да се замараме со тоа кој ќе игра а кој не за Исланд затоа што битни сме ние, како ние ќе играме, битно е ние да го диктираме темпото играта и резултатот.
Пеколно ќе биде утре, полна сала, грмење, навивање, атмосфера не сомнено ќе има, останува на играчите да го дадат максимумот и срцето на теренот и коцките одново да се склопат и одново да се радуваме. Право на кикс немаме, па така СИТЕ ЗАЕДНО СЛОЖНО ОДИМЕ ДО КРАЈ, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

UNITED MACEDONIA!!!

недела, 15 март 2009

СУПЕР ПИПО


Супер Пипо се запишува во легендите. 300-ти погодок во својата 18 годишна кариера. Го постигна во дресот на Милан, денеска, против Сиена.
Пипо е еден и единствен. Играч кој влегува во историјата и кој е еден од ретките активни фудбалери и воопшто кои ја стигнал границата 300.
Во изминативе години Супер Пипо ги тресеше немилосрдно мрежите на противниците. Може не го краси некоја брзина, дриблинг или пак техника, али затоа го има она што ретко кој го поседува - осет за гол. Тој е играч кој и додека спие постигнува голови. Играч буквално гол машина. има постигнато безброј важни голови особено во дресот на Милан и сите фанови вклучувајќи ме и мене му се благодарни за тоа. Секогаш кога е потребно, секогаш кога треба да се даде гол тука е Инзаги. Иако има 35 години Пипо и натака продолжува да биде кошмар за противничките одбрани и голмани. Тоа е нешто што се има а не што се учи. Уште еден доказ и уште една потврда дека неговото име е синоним за расен стрелев е и фактот што тој го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во Евро Куповите.

Капа доле мајсторе. Секој може да ти подзавиди за она што го имаш постигнато но истовремено и сите мораат да ти честитаат за тоа што го имаш направено целата своја кариера.
Продолжи во исти стил зверу, и сите ние знаеме се додека Пипо игра фудбал нема голман на светов што се чуствува сигурен.

За мене најдобриот напаѓач што некогаш сум го гледал.

GRANDE SUPERPIPO

среда, 11 март 2009

МТВ СЕ ОЧАЈНИ!!!

Моментално оние малкумината што работат во МТВ (само Бог знае како останале) треба да набават неколку кофи бензин и да си ја самозапалт зградата т.е Телевизијата која што се нарекува НАЦИОНАЛНА. Ова е вистинска катастрофа. Дури ситуацијата е и трагична знаејќи и гледајќи ја колку е очајна...
Револтот мој кулминира денеска кога видов дека на МТВ ќе се емитуваат во живо сите Куп натрепвари во кошарка кои се играат во Охрид... Рекламата помина и вчера и завчера убаво читам од 11 до 14 Март Ексклузивно... Но емтиви не би биле тоа што се сега за жал и нормално натпреварите почнати натпреварите завршени а нити видовме кошарка на МТВ а како тргнало нема ни да видиме. Ова ми ја прели чашата наречена МТВ и благодарејќи на блогов можам да се испукам бар за момент да ми помине нервозата. Па добро пичка ли му матер! Па најавувате утакмици не ги давате, најавувате и снимки и тие не ги емитувата....па уште кога ќе почнете со пренос давате само по една четвртина и после пуштате филм утепан од Господ што не го гледа ни ќораво око! Бедотија жива. Од директор до персонал. Комбиња од 45, камери од 35, луѓе што работат таму од 25.....Значи не ми се верува стварно. Ваква Национална телевизија нема никаде. Уместо таа да биде пример како треба да изгледа една модерна телевиција кај нас таа служи за потсмев мрсул да не фрлиш на неа, служи само ради она "позади МТВ"... Дури и шиптарската има подобра слика од онаа главната... Секогаш кога има ЛШ слиакта на емтиви е очајна, со пречки понекад со смрзнување.... додека на шпонската е џам...
Нема објаснување никакво зошто не се емитуваат натпреварите, нема инфо дали ќе ги даваат останатите дуели...абе нема ништо... Наместо тоа, чекајќи да се уклучат на некои натпревар, се изнагледав емисии за кои кога ќе помислам ми се блуе, се изнаглеав 10 вести, за глуви за неми за хендикепирани....се изнаслушав музика од Маријан Стојановски, Ребека Ерзана..... Буквално - "Сморио сам се ко Саша Матич у биоскоп" Уште еднаш се изгорев чекајќи и мислеќи дека ќе гледам нешто на МТВ али уште еднаш доживеав пораз.

Луѓе давајте нешто асално ако давате ако не подобро не давајте ништо, бар мислам дека е подобро така и за нас и за вас. Ќе ни ја смалите маката...
Затоа во последнве години, МТВ 1 МТВ 2 Собраниски, ми се меморирани на 96 95 94...Што подалеку од стандардното вртење на канали...

понеделник, 9 март 2009

Здраво!

Овој пост е еден вид на проба затоа што се уште не сум уходан како работи блогерајов....

На блогов ќе може да најдете интересни теми кои се поврзани со спортот, претежно фудбалот и кошарката како странската така и домашната, но исто така ќе третираме и теми од останатите спортови оние за кои сметаме дека се вредни за пишување... Инаку навивам за Милан и МзТ па очекувајте претежно постовите да ми бидат околу тоа :)

Ајде да видам како ќе помине пробата па почнуваме со работа :)