понеделник, 30 март 2009

Роналдињо сака да го напушти Милан!!!

Деновиве се шпекулра многу со името на популарниот Рони, кои на почетокот на сезоната дојде како големо засилувањ во Милан, но не ги исполни очекувањата на навивачите а верувам и на раководството на тимот.

Иако на стартот имаше одлични изданија сепак Роналдињо не беше 100% физички спремен, а со самото тоа и не можеше да изигра асални 90 мин. Оној Рони од времето во Барса кога буквално беше недопирлив никогаш нема да се врати. Тоа е мое лично мислење. Се гледа кај него дека нема ни желба за враќање на старата форма. Неангажирање, не трчање, ги нема оние препознатливи дриблинзи и пробиви, кога ќе се решеше да тргне накај голот рушеше све пред себе, и тако даље... Ако до полусезона и играше нешто тогаш во вториот дел е неприметлив. Во право беше Галијани (за прв пат) што не сакаше да даде голема сума на пари за Бразилецот, но погреши, од денешен аспект, што воопшто и го ангажираше.

Е сега ова за мене е многу добра вест од две причини. Значи летово очекувам КОНЕЧНО да дојде до тренерска смена и паѓање на Карло. Ова е многу битно затоа што уште од сега треба да се мисли кој тоа би дошол на негово место. Ако оваа шпекулација е точна (заминувањето на Рони) тогаш очигледен е фактот дека Франк Рајкард ќе биде тој што ќе застане на чело на Росонерите. Сите знаеме дека Рони веќе не е во омиелната листа на Холанѓанецот а и обратно дека Брзилецот не го мириса многу Френки, за разлика од него ептен ја мириса ќерка му :) и дека тој е делумно причината за неговото најавено заминување летово. Ова повлекува ново задоволство кај мене, затоа што ако се ослободиме летово од Рони тогаш сигурно Кака останува и сигурно ќе се игра напаѓачки фудбал со 2 шпица! Знаејќи го офанзивниот стил на игра што го форсира Рајкард, трчањето што го бара од играчите. ова би било идеално. Тоа значи дека ќе се ослободиме од некои непотребни играчи а може и да направиме некоја пара од продавање на веќе староседелци(Пирло) кои веќе го загубиле мотивот за игра во црвено-црниот дрес. (наравно тоа се должи на освојување на СЕ што може да се освои во изминативе 7 години) Картите се редат во прилог на некогашниот играч на Милан.

Е сега се поставува прашањето на кого и за колку да се продаде некогашниот виртуоз? Иако многумина мислат дека никој сега нема да дава пари за Рони и дека никој не го сака, јас сметам поинаку. Шеиците од Сити и те како летово ќе бидат активни на трансфер пазарот, нормално во време на економска криза, ова им доаѓа како кец на десетка :) Ако не ги излажеме нив нема кого :) Слободата што ќе ја има во Сити, а веројатно и платата би биле идеалното решение за Бразилецот а и за Милан кој може многу да профитира. Другиот "пациент" лежи во името на Роман Абрамович, сопственикот на Челзи. Тој од поодамна јавно изајвува дека сака да го види Роналдињо во синиот дрес, и тој беше во трка за него лани, но пресуди желбата на фудбалерот кој јасно кажа дека сака да дојде во Милано. Е сега Роман не е толку глуп како порано кога фрлаше пари како луд и кога купуваше све и сешто. Се потсмири малку русинот, после оној промашен трансфер на Шева и очигледно свати дека не треба по секоја цена да носи големи имиња во своите редови. Но Рони е Рони сам по себе, а фактот што некој од Балак, Деко, Малуда веројатно ќе заминат од Лондон ги прави Челските купци :)

Се на се, ако се исполнат моиве прогнози ќе биде СУПЕР ем ќе смениме тренер, ем ќе направиме пари и со тие пари ќе можеме да купиме некој млад квалитетн играч желен за докажување.

Да сум ја на местото на Галијани одма би го понудил Роналдињо на Челзи и Сити и би ги започнал преговорите :)

18 коментари:

  1. Авторот го отстрани коментаров.

    ОдговориИзбриши
  2. Дињо не е толку добар колку што беше пред 3 сезони...но не е ни толку лош како што го прават...едноставно Ка-Па-Ро неможе секогаш да делува.Плус реално гледано,во вториот дел од сезоната односно по доагањето на Бекам,Дињо беше заборавен и не ја добиваше адекватната шанса која ја заслужува.
    Но фудбал си е фудбал,и ако некој ми понуди некој амбициозен тренер(Рајкард на пример и сл.)и плус добри пари за Дињо со кои може да се инвестира во одбраната и во нападот веднаш би прифатил!Односно како што и впрочем изјави Карло пред некој ден,дека главен приоритет на Милан летово би бил централен дефанзивец и еден квалитетен напагач-па макар и да не остане тој на менаџерската клупа овие 2 засилувања мислам дека ќе се остварат.
    Но во исто време и Калач,Дида,Малдини,Фавали,Емерсон,Роналдињо(?),Шевченко...треба да си одат и ќе треба минимум 5 квалитетни играчи да ги заменат.
    Освен гореспоменативе 2 позиции,треба да се врати Гуркуф од позајмица,да се купи уште еден одбранбен играч и евентуално уште некој бек-ап играч(Абате мислам дека е доволно зрел да се врати во Милан)
    Но сепак...јас би бил и пресреќен ако се оствари 50% од ова...сепак реалноста не е толку розова...
    Како и да е...поздрав до тебе друже и
    FORZA IL GRAAAAAANDEE MILAN!!!

    ОдговориИзбриши
  3. Да си оди Фавалињо?!!
    Не го даваме Фавалињо, ќе го браниме со жив ѕид!!!
    Дињо си оди и тоа во Сити, никаков Челзи... ние нема да ќариме ништо од него односно ќе го продадеме баш за толку за колку што го купивме (околу 20 милиони)! Да се врати Јоан назад со што би се покрила позицијата на Дињо без да се трошат пари за негова замена (можеби некое милионче + на Бордо за да не го откупат и да ни го дадат пак на нас)!
    Значи со враќање на Јоан и еден централен дефанзивец како партнер на Терминаторот(Алекс, Агер или Кјаер) + еден корпулентен шпиц (Кеирисон или Аде) и ете сме назад во европскиот крем! Би требало да се вратат назад Абате и Пало (кој може и да остане уште една сезона во Парма ако притоа го „украдеме“ Мекдоналд Марига од кај нив). Сето ова надополнето со Маркети на голот би било идеално. Иако ова на прв поглед делува премногу треба да се има во предвид фактот дека половина од овие фудбалери се наши! За во напад би гласал за Кеирисон (20) кој со Але ни дава тандем за следните 10-тина години!!! Пирло пред некој ден беше стрелец од пенал, асистент на вториот гол на Пацини и имаше воопшто одлична вечер за Италија, се надевам дека полека но сигурно се буди!
    Се разбира ќе бидеме уште еднаш почестени со некој бисер од нашата управа (Канаваро на 35 години) но Канаваро е подобра опција од Фавалињо нели?
    Да пишувам уште...? Ај доста е!!!

    ОдговориИзбриши
  4. НЕ е ни приближно од она што беше, али моментално повеќе му одмага на клубот од колку што му помага. Не играше ДА, но тоа е поради неговата физичка спремност. Наместо да тренира и да се бори за место, Анчелоти му даваше излез до 5 сабајле во Миланските дискотеки. Кога ќе видиш, Бекс не му ја зема позицијата затоа што Бекс игра уместо Гатузо сам си ја зема, затоа што Сидорф иако игра во многу многу слаба форма сепак е покорисен од Дињо (за Анчелоти).

    Се слагам дека мувлите треба под итно да ги отпуштиме. По пресметките на Силцио ако се ослободиме од Шева, Дида, Емерсон, Малдини (пензија) па и плус Рони тогаш Милан ќе заштеди на плати некаде околу 20 милиони, а со тие пари може да се купи еден до двајца квалитетни фудбалери.
    Прво и основно ни треба одбрана. Покрај Силва за наредната сезона ќе е потребен уште еден цвртс и стамен одбранбен. Вака со Бонера, не дај Боже Каладзе крајот ќе го видиме уште во Октомври... Потребен е лев квалитетен бек, Јанко е добар, али добар за у Удинезе, моментално не е во форма и иако нешто се труди во офанзива, во дефанзива е многу слаб. Потребно е и свежа крв во средниот ред. Фламс е тука заедно со Џенаро, но ни фали уште еден работник со добра техника и кој ќе биде од голема помош во нападот. Пирло и Амбро по опасни во моменотв ми делуваат од клупа ;)
    Ри ја глеав со Монтенегро, али колку они можат да бидат мерило за тоа дали Пирло се враќа ќе видиме. значи ако сакаме да не се коцкаме тогаш подобро е во лето да купиме нешто квалитетно од колку да крпиме цела сезона. Верувам и убеден сум дека ако Рајкард дојде, он ќе форсира игра преку крила. Ние во моментов немаме ниту едно класично крило па така Холанѓанецот ќе мора да пазари. Во нападот и не би менувал премногу. Да е жив и здрав Пато, а останатите партнери нека се менуваат Марко или Пипо ми е све исто. Нека се вратат Палоски и Гуркуф и завршена е приказната. Значи ни требаат 3-4 квалитетни засилувања + голамн, што не би требало да не кошта многу.
    Нека се задржи дел од овој тим, но тие нека бидат резерви. Костурот на тимот да биде составен од свежа крв која ќе биде желна за докажување. По моја проценка со буџет од 60 милки може да составиме шампионски тим.
    П.с - Ри Кеирсон е добар али ако збориме за истиот он и не е така нешто висок :S или грешам нешто јас?

    ОдговориИзбриши
  5. Кеирсон Де Соуза Канеиро,роден 88' година.
    Игра за Палмеирас,(#9).Кариерата ја започнал во Кортиба каде што палел и жарел како што впрочем тоа го прави и сега.
    Висок не е баш 181см,но не е типичен бразилски напагач туку е еден расен играч со препознатлива бразилска техника,одлична игра и со двете нозе и главата,добра координација и беспрекорен финиш.
    Дефинитивно нема да згреши Милан ако го купи,а се молам јас на тоа пошо Барса и компанија веќе почнале да се распрашуваат.
    Но ние имаме предност која се вика Леонардо кој е во одлични односи со агентот на Кеирсон уште од поодамна.
    Се на се мислам дека со Пато одлично би соработувале и ако некој ми го понуди Кеирсон,Бензема,Адебајор и сл дефинитивно ако не прв втор избор ќе ми биде токму тој.
    Но ова се само муабети сега за сега,ништо конкретно а камо среќа да се случи да го земеме.

    ОдговориИзбриши
  6. И Реал почнале да се врткаат околу Кеирсон...

    ОдговориИзбриши
  7. Да да и ја го знам дечково, али ме збуни Ри пошто рече корпулентен па затоа викам да не изникна некое ново бразличе ;) :)
    Тешко дека може да дојдеме до некои екстра квалитетен напаѓач. Бензема веќе од поодамна е пикиран за Барса или Реал, Дрогба оди кај Мурињо или останува, а за Аде очигледно дека ќе треба да платиме многу многу повеќе од колку понудената сума летово. Сепак приоритет треба да биде одбраната и тоа не со еден туку со двајца квалитетни играчи...

    ОдговориИзбриши
  8. Santacrocce deal sealed?!
    "According to italian reports close to the Napoli based club defender Fabio Santacrocce is on his way to Milan.Certain personal details remain to be done,and after he(Fabio)passes the medical he will be announced as a new AC Milan player"

    Дали е ова тоа што го читам??!!Оууу јеаа фала богу добри вести!

    ОдговориИзбриши
  9. Априлилили xD
    Пошо неможам да коментирам на шиткачи 1 морам тука ајде едно браво за нашите момци :)
    Свака им част...па здравје боже наредното дерби да биде проследено со мн фрки пред утакмицата,полна сала,и како шлаг победа :)
    MZT FOREVER!!!

    ОдговориИзбриши
  10. А да и ќе заборавев:
    "Од Ѓорче Петров до Железничка...."
    :D :D

    ОдговориИзбриши
  11. Осеќав дека е Априлили па затоа и не коментирав :) :)
    Инаку се решив овдека да постирам само постови за Милан, така што оние за МзТ и Фамилијата ќе ги оставам за таму :)

    Се надевеме дека управата најавената оставка и ќе ја официјализира за да конечно се вратиме на трибините од наредната сезона.
    Полека огрева сонцето над Аеродром :)
    И тука ќе повторам секоја чест за тренерот Боби Митев еден од најдобрите кошаркарски тренери кои произлегле од нашава земја.

    П.С - О Господе, верувај ми, го ебам јас Работнички... :D

    ОдговориИзбриши
  12. Forza Il Graaaande Milan xD

    ОдговориИзбриши
  13. Сендииииии!!! Пипооо!!! Дињооо!!! Шеваа!!!
    Аривидерчи!

    FORZA MILAN!!!

    ОдговориИзбриши
  14. Демек не пишуваше на блог.ком.мк поради технички проблеми и сега дојде тука и... иста приказна!
    Уаааа Управа Шиткачи!!

    ОдговориИзбриши
  15. Брат преокупиран сум со sportski.com.mk ;)
    Блогерајов е запоставен ради тоа
    Инаку посетете ја страната има Се, нормално јас ќе го форсирам Милан и таму :D ама ќути ова Аце да незнае...хахахахахха

    ОдговориИзбриши
  16. Сајтот е топ!Оправдано запоставено... : )

    ОдговориИзбриши
  17. Дали барате позитивен заемодавател за заем за да го ослободите вашиот финансиски проблем, тогаш би сакале понуда за заем за педро, Педро ми понуди заем со стапка од 3% рентабилност и целиот процес помина без проблеми како што очекував, можете да му испратите е-пошта ако ви треба вид на заеми Е-пошта: pedroloanss@gmail.com Или Whatsapp: +18632310632

    ОдговориИзбриши